Утрински Весник
Свет

Масовен напад на Украина, Жосеп Борел објави дека утрото го поминал во засолниште

1707302824 unnamed file.webp.webp

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, кој е во дводневна посета на Украина, објави дека утрото го поминал во засолниште поради сирените за воздушни напади што се огласија низ целиот Киев, проследено со серија експлозии во Киев и многу украински градови.

„Го започнувам утрото во засолништето додека се слушаат сирени низ целиот Киев. Ова е секојдневната реалност на храбриот украински народ, откако Русија ја започна својата нелегална агресија“, напиша Борел на платформата Х.

Русија утрото изврши ракетен напад врз Киев и други украински градови, соопшти украинското воздухопловство, а во главниот град се слушнаа неколку експлозии додека системи за противвоздушна одбрана беа ангажирани во одбивањето на нападот. Силни експлозии се слушнале во Киев непосредно пред 7 часот, изјавиле очевидци за агенцијата Ројтерс. Еден човек е убиен во јужниот град Миколаев, а девет лица се ранети во Киев.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм објави дека се ангажирани системи за противвоздушна одбрана. Тој додаде дека делови од главниот град на Украина денеска останале без струја, откако соборена руска ракета ги оштетила далноводите.

Можете да прочитате

Трагедија: Во сообраќајна несреќа почина фудбалерот Диого Жота

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Зеленски му го одзеде украинското државјанство на митрополитот Онуфриј поради врски со Русија и поддршка на московската патријаршија