Утрински Весник
Македонија

Убедливо водство на Европскиот фронт пред ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица

Fb302c79 7c43 40d2 B282 72090c25eb25.jpg

Според анкетата објавена синоќа на МТВ, во Изборната единица 6, Европскиот фронт има убедливо водство пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата е изработена од Институтот за политички истражувања – Скопје на анлитичарот Владимир Божиновски, кој е близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ и покажува дека Европскиот фронт би освоил 11 пратенички места во оваа изборна единица, пред ВМРО-ДПМНЕ кои би освоиле само 3.

Според објавените резултати за шестата изборна едница, за ВМРО-ДПМНЕ се одлучиле 8,1%, за ДУИ 17,9%, за ЕСП 16%, за Алијанса 7%, за СДСМ 4,4%, Левица 0,7%, ЗНАМ 0,6%, не знам 6%, Не сакам да кажам 17,6%.

Претворено во мандати тоа би значело дека ВМРО-ДПМНЕ би освоило 3 мандати, СДСМ 1, ДУИ 7, ЕСП 6 и Алијанса за Албанците 3, што значи дека Европскиот фронт, составен од СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, ЛДП, ДОМ, ВМРО-Народна партија би освоил 11 мандати.

Овој резултат на анкета спроведена од институт близок до опозициската партија само потврдува дека граѓаните се про-европски расположени и избираат европска иднина со Европскиот фронт, наспроти неизвеснот и изолација со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од досега објавените резултати на анкетата на ИПИС и МТВ се покажува дека во Изборните единици 1, 2, 5 и 6, Европскиот фронт би освоил 35 пратенички места, наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои би освоиле 29.

Можете да прочитате

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали