Утрински Весник
Свет

Хамас позитивно одговори на предлогот за ослободување на заложниците

Hamas 1.jpg

Палестинскиот Хамас вечерва соопшти дека позитивно одговорил на меѓународниот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците од заробеништвото на милитантната група, „за да се обезбеди целосен прекин на огнот“.

Во соопштението објавено на каналот Телеграм на палестинската група, се нагласува дека групата го прифатила предлогот „во позитивен дух“, со цел „да се обезбеди сеопфатен прекин на огнот, да се стави крај на агресијата, да се укине опсадата и да се разменат затвореници“, пренесува Ал Џезира.

„Ова ќе стави крај на агресијата врз нашиот народ, ќе обезбеди помош, засолништа и реконструкција, ќе ја укине опсадата на Појасот Газа и ќе постигне размена на заробеници“, се додава.

Хамас, исто така, рече дека ја цени улогата на Египет и Катар, како и „сите земји кои сакаат да ја запрат бруталната израелска агресија врз палестинскиот народ“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјави дека САД го разгледуваат одговорот на Хамас и дека ќе разговараат за ова прашање со израелските власти кога тој ќе го посети Израел утре.

Катарскиот премиер Абдулрахман ал Тани денеска изјави дека реакцијата на Хамас на последниот меѓународен план за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа е „генерално позитивна“, додавајќи дека е оптимист.

Во изготвувањето на предлогот учествуваа Катар, Египет, САД и Израел, чии претставници се сретнаа во Париз.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата