Утрински Весник
Македонија

Владата разреши двајца директори кои доаѓаат од партијата Алијанса за Албанците, блиски до Таравари

1707247443 Na Makedoni A 12022019 Cropped Scaled.jpg

Владата на денешната седница го разрешила од должноста в.д. директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија Газменд Абдија, дознава 24инфо.мк

Истовремено, Владата одлучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да ја отповика Бујаре Абази, од должноста член на Управниот одбор и генерален директор, а на нејзиното место да дојде Идри Истрефи.

И Абдија и Абази се кадри на Алијанса за Албанците и за двајцата се смета дека се блиски до претседателот на партијата Аргентина Таравари.

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј