Утрински Весник
Култура

Почнува изградбата на булевар Македонија кој во втората фаза ќе се поврзува со подземната улица кај „Лимак“

Na Bulevar Makedoni A 1024x683 1.jpg

Град Скопје почнува со изградба на булеварот Македонија, голем сообраќаен проект со кој треба да се растовари сообраќајот во центарот на градот, особено на улицата Јордан Мијалков, улицата Павел Шатев, улицата Св. Кирил и Методиј и булеварот Кочо Рацин.

Градоначалничката на град Скопје со екипи од секторите во Градот и јавните претпријатија изврши увид во градежните работи за почнување со реализација на првата фаза на еден од најтешките, најголеми и најзначајни проекти во Скопје – изградбата на булеварот Македонија, кој ќе го реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Градското раководство почнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунскиот комбинат во Кисела Вода, која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булеварот Крушевска Република и улицата 11 Октомври, втората меѓу булеварот Борис Трајковски и булеварот Македонија и третата на двата крака на булеварот Македонија кон втората фаза од булеварот, кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај „Лимак“, информираа од Град Скопје.

Според нив, реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на град Скопје, а значително ќе го намалат сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олеснат движењето на граѓаните во централното градско подрачје.

Во првата фаза, која се реализира, предвидени се и нова велосипедска патека по целата должина, како и пешачка зона, а истовремено се реконструираат целосно водоводната и канализациската мрежа.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“