Утрински Весник
Свет

Ирак забрани на осум приватни банки да вршат трансакции во долари

Dolari snopovi.jpg

Ирак денеска им забрани на осум локални приватни банки да вршат трансакции во долари, со што има намера да ја намали можноста за измама, перење пари и други незаконски активности со помош на американската валута, неколку дена по посетата на висок функционер на Министерството за финансии на САД.

На банките им беше забрането да учествуваат на дневната аукција на долар на ирачката централна банка за да се спречи шверцот на оваа валута во соседен Иран.

Ирак има резерви од повеќе од 100 милијарди долари складирани во САД и во голема мера се потпира на добрата волја на Вашингтон да се осигура дека пристапот до приходите од нафта и финансиите нема да биде блокиран, додава британската агенција.

Портпаролот на американското Министерство за финансии рече дека САД ги поздравуваат чекорите преземени од ирачката централна банка за заштита на ирачкиот финансиски систем од злоупотреба.

Можете да прочитате

Се шири снимка стара 10 години: Што му кажа Хилари Клинтон на Трамп за Путин

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда