Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Сите кои ја делат визијата за европска Македонија да ни се приклучат на изборите

Kovacevski 1.jpeg

Се уште важи понудата на СДСМ сите политички партии, невладини и други организации, како и поединци кои ја делат визијата за европска Македонија да ни се приклучат на изборите на 24 април и 8 мај, изјави денеска поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Тој потврди дека со Арбен Таравари се сретнал, но со Зијадин Села, како што нагласи, нема разговарано, само се виделе во Парламентот.

– Земјава има изградено демократско општество во кое секоја политичка партија и поединец може слободно да ги носи своите одлуки, рече Ковачевски на прашањето што ако Алијанса отиде во опозиција.

Ковачевски истакна дека местото на политичките партии е во коалиции со кои делат исти вредности.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор