Утрински Весник
Магазин

Почина актерот Карл Ведерс од филмот „Роки“

Download 1.jpg

Американскиот актер Карл Ведерс, почина на 76-годишна возраст. Беше најпознат по улогата на Аполо Крид во филмскиот серијал „Роки“. Веста за смрта ја сподели неговото семејство кое информира дека „починал мирно во сон“ на 1 февруари. „Со голема тага ја објавуваме веста за смртта на Карл Ведерс. Тој беше исклучителен човек, кој живееше извондреден живот. Преку неговиот придонес во филмот, телевизијата, уметноста и спортот, тој остави неизбрижлив белег и ќе остане препознатлив во светот и низ генерациите. Тој беше сакан брат, татко, дедо, партнер и пријател“, стои во соопштението на ожалостеното семејство. Ведерс, кој беше поранешен играч во Националната фудбалска лига на САД, стекна светска слава со улогата на боксерот Аполо Крид во филмскиот серијал „Роки“ , каде глумеше со актерската легенда Силвестер Сталоне. Исто така, тој глумеше и во филмот „Предатор“, заедно со Арнолд Шварценегер. Неговата последна улога беше во телевизиската серија „Мандалорецот“ , која е дел од франшизата „Војна на ѕвездите“.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 20 мај 2026 година

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите