Утрински Весник
Магазин

Идрис Елба во нова модна кампања: Актерот имаше само еден услов

S24 idris pr nologo 1080x1350 5.webp.webp

Актерот Идрис Елба е новото лице на линијата машка облека „Келвин Клајн“ за пролет 2024 година. Досега ретко бил модел на реклами, а ова му е прва кампања за „Келвин Клајн“. Актерот на сликите и видеата изгледа како таен агент.

За снимањето, Идрис имал само еден услов – да носи облека во која би се чувствувал пријатно и кога камерите се исклучени. Вака му порачал на модниот фотограф Мерт Алас, кој стои зад овие фотографии.

Мерт го снимил Елба како се шета по улиците на Лондон во класична, елегантна облека. Во друга сцена, тој носи бомбер јакна и обична маичка, за која вели дека е неговото омилено модно парче.

Фановите на брендот се воодушевени од новата кампања и изгледот на Идрис.

„Жешка реклама“, „Тој е неодолив“, „Сè му изгледа добро“, „Сакаме Елба во долна облека“, „Тој треба да биде следниот Џејмс Бонд“, „Ако ова не е доволно за да го видиме како следниот Бонд , не знам“, „Келвин Клајн пак гпогоди“, „Занемен сум“, се дел од коментарите.

Можете да прочитате

Грчки остров нуди дом, храна и 500 евра месечно за нови жители

Четири знаци ќе имаат одличен старт на 2026

Пристигна ChatGPT Health – нова алатка за здравствени информации