Утрински Весник
Свет

Во Русија донесени првите пресуди врз основа на анти-ЛГБТ законот

Lgbt Flag 1680 770.jpg

Два руски суда неделава ги донесоа првите пресуди во врска со „меѓународното ЛГБТ социјално движење“ кое минатата година беше прогласено за екстремистичко во земјата, пренесува Гардијан.

Судот во јужниот дел на Волгоградската област прогласи човек за виновен за „прикажување симбол на екстремистичка организација“ откако објавил фотографија од ЛГБТ знаме на Интернет, соопшти прес-службата на судот.

На мажот му е наредено да плати казна од 1.000 рубљи. Тој се изјасни за виновен и се покаја, велејќи дека ја објавил сликата „од глупост“, соопшти судот.

Судот во Нижни Новгород, источно од Москва, осуди жена на петдневен административен притвор поради носење обетки во форма на жаба со слика на виножито, соопшти Аегис, група за правата на ЛГБТ луѓето, пишува Гардијан.

Обвинетата била повикан во полициска станица откако маж се снимил како и приоѓа во кафуле и барал од неа да и ги извади обетките и го објавил на Интернет.

Следната недела во Саратов, југозападна Русија, продолжува судењето на фотограф кој објави слики од знамиња со виножито на Инстаграм.

Знамето со бои од виножито ја претставува заедницата на лезбејки, геј, бисексуалци и трансродови лица. Рускиот закон забранува во земјата да се „прикажуваат симболи“ на организации кои ги смета за екстремистички, а на списокот е и социјалната мрежа Мета.

Според Гардијан, рускиот Врховен суд го забрани „ЛГБТ движењето“ во ноември минатата година, продолжувајќи ја шемата на зголемени ограничувања на изразувањето на сексуалната ориентација и родов идентитет.

Можете да прочитате

Околу 18.000 Сиријци се вратиле дома од Јордан, по падот на Асад

Во Украина пристигаат германски тенкови „Леопард“

Банкротираше компанијата што ги произведува амблемите на Мерцедес