Утрински Весник
Магазин

(Видео) Давид од Белград порача дека сака да се сретне со сопругот на убиената жена

1706818500 Unnamed File.jpg

Рокерот Ѓорѓе Давид по враќањето во Белград од Македонија каде учествуваше во сообраќајна незгода во непосредна близина на автопатот пред Табановце, во која прегазил жена која почина на лице место одржа прес-конференција. Пред српските медиуми Давид откри дали се слушнал со членовите на семејството на починатата жена. -Не сум се слушнал со никој од семејството на починатата, уште еднаш најискрено сочувство. Морам да се пријавувам секој месец во судот во Куманово до завршување на постапката. Секој мој погрешен збор може да се употреби против мене. Едвај чекам да се сретнам со мажот на убиената жена, изјави Ѓорѓе Давид и продолжи: -Првиот шок го добив кога сфатив што се случи. Мојата смиреност е мојата сила. Ослабев пет килограми, јас сум човек кој не ги гледа овие работи однадвор, така сум воспитан. Сметам дека како јавна личност во секој случај треба да давам известувања, ако ништо друго, како учесник во сообраќајот. Отидов од болница во полиција каде останав 4 и пол часа, потоа отидов во хотелот и отидов да спијам. Од 9 часот наутро во недела, до 11 и пол навечер имав 2.842 телефонски повици. Тогаш не можев да давам изјави, ме повикаа луѓе кои треба и не треба да ми се јавуваат. Ме советуваа да не давам изјави, за да нема погрешно толкување. Бев загрижен за семејството, тие беа во катастрофална емотивна состојба. Прашаа што се случило, што ќе биде  рече тој. Тој додаде дека во саботата наутро кога тргнал имало невреме и снежна бура. -Стигнавме во Скопје, пиевме кафе, вечерта околу 7:15 заминав за Белград, некаде околу 2.400 метри пред граница се случи таа приказна. На таа приказна и претходеше тоа што девојката влегла на спротивната лента на автопатот и директно се судрила со автомобил каде сите се повредени, не знам кои се последните информации. Лицето кое било во автомобилот кој возел во погрешен правец, мајката на девојката која била зад воланот, жената излегла од тотален шок, не знам што се случило и како. Таа беше неповредена или со полесни повреди. Јас потоа влегов во магла, ја намалив брзината и во еден момент ми се причини дека нешто не е во ред. Се се случи во секунда. Јас тргнав да свртам десно, да излезам од автопатот, за да ја одбегнам таа несреќа, па приметив жена во бел капут и се случи тоа што се случи. Кога застанав со автомобилот, излегов, тоа што го видов беше страшно. Не знаев што се случува. Видов човек на кој главата му беше отворена, мислев дека удрив во него. Мене ме однесоа во болница, а потоа ми кажаа дека сум удрил во жена, рече Ѓорге Давид.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста