Утрински Весник
Магазин

Тригодишно дете се заглавило во автомат за играчки го спасувале полицајци

Screenshot 2024 02 01 204418.png

Тригодишниот Итан изненадувачки влегол во автомат за играчики поставен во трговски центар во Капалаба, Австралија. Неговите родители и луѓето кои се затекле на местото на настанот се обидувале да го убедат да се обиде да го отвори капакот и да излезе, но се било безуспешно. Детето толку многу се забавувало што не се ни обидело да излезе од машината. Таткото на Итан, Тимоти Хопер, веднаш стапил во контакт со компанијата што ја поседува машината и тие го прашале дали има заглавени пари во машината. Кога им објаснил дека се работи за дете била повикана на помош полицијата. Полицајците го убедиле момчето да оди до аголот на машината, а потоа го скршиле стаклото за да го извлечат безбедно. Портпаролот на трговскиот центар Капалаба Парк изјавил дека ова е прв ваков инцидент во 21-от трговски центар што го поседуваат. И за полицаецот Стјуарт Пауер, ова била прва ваква спасувачка операција во неговата 11-годишна кариера. -Да се ​​исплашеше момчето, ќе беше потешко. Но, тој беше добро расположен, па среќно ги покри очите и чекаше да го скршиме стаклото. Децата секогаш ќе бидат деца, изјави Пауер. Таткото тврди дека несреќата се случила за само секунда невнимание.

Можете да прочитате

Селин Дион со историски настап ги расплака сите на отворањето на Олимписките игри во Париз

Овие пијалоци келнерите никогаш не ги нарачуваат

Еве со какви измами се служат продавачите на дрва – имаат разработена шема