Утрински Весник
Магазин

Претставен уред за контрола на соништата

O 1903193 1024.jpg

Дали сакате да можете да го контролирате она што го сонувате? Ова би можело да биде возможно благодарение на специјалната технологија на компанијата Prophetic.

Станува збор за специјална трака наречена Halo, која се носи околу главата и се користи за поттикнување, а потоа одржување на луцидни соништа – соништа за кои сте свесни дека сонувате.

Ќе чини 2.000 долари, а засега на листата на чекање има околу 400 луѓе, бидејќи уредот се уште не е подготвен за масовно производство. Основата на овој гаџет е вештачката интелигенција, односно модел наречен Morpheus-1, кој бил трениран на податоци од мозокот. Како што објаснија, користи ултразвучни холограми за стимулирање на одредени делови од мозокот, испраќајќи сигнали кои иницираат соништа.

Како што објаснија од компанијата, процесот вештачки создава шеми на „сон на барање“ со фокусирање на ултразвукот на поголем број елементи.

Резултатот од сето ова треба да бидат луцидни соништа – тоа се соништа во кои сте свесни дека сонувате, па можете да изберете што да правите. Се уште нема информации дали овој уред е тестиран на луѓе и доколку е така, какви биле резултатите.

Можете да прочитате

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува

Овие 3 десерти ги обожувала цела Југославија, а денес ретко кој ги прави: Заборавените слатки задоволства по рецепт на нашите баби