Низ хумор,Ѓорчепетровци му порачаа на градоначалникот Стојкоски како ја оценуваат неговата работа на планот справување со сметот во општината но дадоа и прогноза за тоа што очекуваат од него на тоа поле за следната година
Состојбата со јавната чистота во повеќето општини е катастрофална. Нови депонии никнуваат во секое населено место а градоначалниците како да ја губат битката со сметот. Она што најмногу ги разгневува жителите од главниот град со кои разговаравме, е фактот што сме сведоци на огромно уназадување на планот на оддржувањето на јавната чистота во споредба со периодот од пред неколку години. Наместо да имаме напредок ние имаме уназадување на овај план. Ако сега имаме полоша јавна чистота низ градот во однос на минатото,тогаш што да очекуваме на ова поле во годините што ни доаѓаат се прашуваат тие. Што очекуваат и како ја оценуваат работата на својот градоначалник жителите на општината Ѓорче Петров дадоа одговор на ова прашање низ една фотогрфија која покажува дека нашиот народ поседува смисла за хумор низ кој испраќаат и порака до нивниот градоначалник,ако има кој да ја прочита пораката.