Утрински Весник
Македонија

Делегација од МВР предводена од директорот на БЈБ Тасевски учествува на Заедничкиот форум за стратешка соработка во седиштето на Европол во Хаг

2 3.jpg

Делегација предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност д-р Сашо Тасевски во периодот од 30 до 31 јануари 2024 година во седиштето на Европол во Хаг, Кралството Холандија  учествуваше на Заедничкиот форум за стратешка соработка кој се организира во рамките на  проектите ,,Зајакнување на стратешката и оперативната соработка во земјите од Источното партнерство за борба против организираниот криминал (TOPCOP)” и ,,Партнерство против криминалот и тероризмот (CEPOL WB PaCT)” што се имплементираат преку ЦЕПОЛ-Агенцијата на Европската Унија.
Овој форум има за цел да го обедини управувањето со институциите за спроведување на законот кои ги покриваат оперативните и обучувачките единици од регионите на Источна Азија и Западен Балкан. Настанот  понуди можност за  дијалог, споделување на добри практики и зајакнување на колективни напори против сериозниот и организиран криминал. Истиот е дизајниран да се разгледаат предизвиците што ги носи организираниот криминал во неговите сложени и повеќеслојни карактеристики и да ја олесни координацијата на стратешкиот одговор преку поттикнување средина на соработка и размена на знаење.

Директорот на Бирото за јавна безбедност имаше свое излагање на првиот ден на пленарната сесија на форумот на тема од областа на борбата против криумчарењето на мигранти, при што ја истакна посветеноста и успешноста на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во напорите за сузбивање на овој феномен.

Во своето обраќање тој истакна дека нашата држава вложува сериозни напори и посветеност во насока на успешна имплементација на постоечките реформи во областа на борбата против криумчарењето на мигранти, при што голем дел од националните закони се стандардизирани и хармонизирани со највисоките стандарди и документи од оваа област.
Во борбата против криумчарењето на мигранти, министерството за внатрешни работи заедно со останатите институции во Република Северна Македонија, работи максимално посветено во воспоставувањето на ефикасен, координиран, синхронизиран и мулти-секторски приод со цел спротивставување и на овој тип криминал, согледувајќи ги огромните негативни импликации од него, како по поединецот, така и по околината.

На вториот ден на овој форум Директорот на Бирото за јавна безбедност се осврна на реализираните проектни активности во рамките на регионалниот проект ,,Партнерство против криминалот и тероризмот (CEPOL WB PaCT)”, проект кој е финансиран со средства од Европската Унија, и се имплементира во рамките на Министерството за внатрешни работи, и се заблагодари до проектниот тим и ЦЕПОЛ-Агенцијата на Европската Унија за успешно реализираните активности, при што ја потенцираше конципираноста на  овој проект со голем број на активности како на внатрешно ниво така и на регионално ниво, што дадоа свој голем придонес во делот на добивање на знаења и искуства од голем спектар на теми поврзани со работата на министерството за внатрешни работи, при што ги опфатија сите сегменти на криминалот и борбата против овој феномен.

Во рамките на овој Заедничкиот форум за стратешка соработка Делегацијата предводена од Директорот на Бирото за јавна безбедност д-р Сашо Тасевски, оствари и повеќе билатерални средби со претставници од меѓународните организации и делегации од земјите учесници во проектните активности.

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата