Утрински Весник
Култура

Сикорски – Бербок: Полска не се откажува од барањето Германија да им плати за воени репарации

20240131093723 Big 730x400 26.webp.webp

Министерот за надворешни работи на новата полска, проевропска влада Радек Сикорски изјави дека неговата земја нема да се откаже од барањето Германија да им плати воени репарации.

Полскиот министер, на заедничката прес-конференција во Берлин со неговата германска колешка Аналена Бербок, рече дека би сакал германските функционери да размислуваат на „креативен“ начин за надоместување на Полска за огромните загуби што земјата ги претрпе за време на Втората светска војна.

„Ќе побарам од министерката да ја убеди германската влада да размислува на креативен начин за изнаоѓање форма на компензација за тие воени загуби“, рече Сикорски, без да даде повеќе детали.

Бербок, пак, рече дека „справувањето со страдањата на милиони луѓе што Германија ги предизвика во Полска останува вечна задача“, но таа директно не се осврна на барањето за обесштетување.

Побарувачката, сепак, е значително намалена од онаа на претходната десничарска влада на Полска, која бараше 1,3 милијарди евра репарации за инвазијата и окупацијата од 1939 до 1945 година.

Германските власти, од друга страна, сè уште остануваат на ставот дека прашањето за репарации е решено пред неколку децении, иако Берлин ја признава својата историска одговорност. За време на нацистичката окупација, Полска загуби околу шест милиони свои граѓани, од кои половината беа Евреи. Земјата претрпе огромни штети и во однос на индустријата, инфраструктурата и културното наследство.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“