Утрински Весник
Економија

Македонија на врвот во Западен Балкан според енергетската транзиција

D181d0bfd0bed180d0b5d0b4 D0b1d180d0bed198d0bed182 D0bdd0b0 D0bdd0bed0b2d0b8 D0b5d0bbd0b5d0bad182d180d0b0d0bdd0b8 D181 D0bcd0b0d0bad0b5 63ca6f0a8b9f9.jpeg

Северна Македонија останува на врвот од земјите од Западен Балкан според енергетската транзиција, а инвестицискиот бран беше поттикнат од комбинација на законски реформи и проектите за фотоволтаици на ЕСМ, пишува порталот Балкан грин енерџи њуз“.

Регулаторната комисија за енергетика минатата година издала лиценци за 399 мегавати за производство на електрична енергија од обновливи извори.

„Регистрираме раст од 160 отсто на новоинсталирани капацитети за производство на електрична енергија во само една година. Податоците на РКЕ покажуваат дека енергетската транзиција се случува секој ден, имено секој работен ден податоците покажуваат дека имаме уште 1,5 мегавати вклучени во системот во земјата. Со ова темпо на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, силно зајакна енергетската независност, а увозот на електрична енергија се намали за една третина“ изјави претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.

Вкупните инсталирани капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори изминатите две години изнесува 551,2 мегавати, што е доволно за со електрична енергија да се снабдат 175,500 домаќинства.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија