Утрински Весник
Свет

Убиени тројца американски војници на границата меѓу Сирија и Јордан

Amerikanska Baza Jpg.webp.webp

Убиството на тројца Американци во Јордан во близина на границата со Сирија е значајна ескалација на и онака несигурната ситуација на Блискиот Исток. Американската централна команда во денешното соопштение потврди дека тројца припадници на војската загинале, а повеќе од 30 се повредени во напад со беспилотно летало што „погодило база во североисточниот дел на Јордан“, објави Си Ен Ен.

Ова е првпат американски војници да бидат убиени од непријателски оган на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа.

Досега се забележани повеќе од 158 напади врз американските и коалициските сили во Ирак и Сирија од почетокот на војната во Газа. Но, американските власти досега ги опишаа нападите со беспилотни летала и ракетни напади како неуспешни, бидејќи не предизвикале сериозни повреди или оштетувања на инфраструктурата.

Не е јасно зошто противвоздушната одбрана не успеала да го пресретне дронот.

Јордан, пак, објави дека нападот не се случил на нејзина територија, туку во Сирија.

Портпаролот на јорданската влада Муханад ал Мубаидин изјави дека цел на нападот била американската база Ал Танф во Сирија, која се наоѓа на границата со Јордан.

За смртоносниот напад врз американските војници веднаш се огласи претседателот на САД, Џо Бајден, велејќи дека нападот го извршиле „радикални милитантни групи поддржани од Иран“.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk