Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Честитки до новоизбраниот состав на Владата

1706462867 unnamed file.webp.webp

Досегашниот премиер Димитар Ковачевски на своите профили на социјалните мрежи го честиташе изборот на новата техничка влада.

„Честитки за новоизбраниот состав на Владата, посакувам успешна и ефикасна работа. Верувам дека ќе останат посветени на државните приоритети и ќе продолжат да делуваат активно во интерес на граѓаните, по европскиот пат кој го чекориме заедно.

Голема благодарност до членовите на Владата во мојот мандат за успешно завршената работа и успешното справување со предизвиците изминативе две години. Не беше воопшто лесно, но успеавме да направиме многу“ пишува Ковачевски.

Тој изрази надеж дека по изборите, тој повторно ќе ја предводи Владата.

„По изборите кои ќе ги спроведе оваа преодна Влада, во мојот втор мандат ќе ја предводам новата, проевропска влада, којашто ќе ја заокружи и втората стратешка цел поставена од независноста на државата – членство во ЕУ. Да живее европска Македонија“ се вели во објавата на Ковачевски.

Можете да прочитате

Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра

Со дополнителни даноци за немажени и неженети и со читанки каде пишува „Јас, мама, тато, дада и бато“ Мицкоски ќе се справува со демографската криза

Костадинов: Нов парк во Струмица од 43.000 м2