Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Ги повикувам министрите на ВМРО ДПМНЕ да ја остават партиската игранка која ја сведочевме денеска, оваа држава ни е заедничка

IMG 1012.jpeg

Владата на СДСМ уште еднаш покажа како одговорно, државнички и демократски се води државата напиша Битиќи.

За жал ВМРО ДПМНЕ уште еднаш на дадена шанса го покажаа спротивното. Не ги гласаа ниту своите министри во техничката влада и докажаа дека развојот и европскиот пат за нив никогаш не бил и нема да е опција. 

Честитки и успешен мандат на новиот прв вицепремиер Бојан Маричиќ, новиот министер за внатрешни Панче Тошковски, новиот министер за труд Ѓоко Велковски, како и новиот претседател на Владата, Талат Џафери. Ги повикувам министрите на ВМРО ДПМНЕ да ја остават партиската игранка која ја сведочевме денеска. Оваа држава ни е заедничка и за неа така треба да работиме и да се грижиме. 

Нека ни е честита новата Влада да служиме чесно, достоинствено и одговорно!

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата