Утрински Весник
Култура

Инспекциските служби на општина Центар на терен, во фокусот јавна чистота и намалување на аерозагадувањето

1706442469 Whatsapp Image 2024 01 25 At 15.10.21 73b97958.jpg

Инспекциските служби на Општина Центар деновиве спроведуваат интензивни контроли на активните градилишта, со фокус на јавната чистота и намалување на аерозагадувањето. Изминативе денови извршени се надзори на десетина градилишта, при што дел од инвеститорите се опоменати, а пропишани се и казни за нарушување на јавниот простор и животната средина. По пријава од граѓани за висока концентрација на прашина во воздухот поради уривањето на напуштениот објект на Јужен Булевар, инвеститорот е опоменат да ја запази технологијата со распрскување вода за да се намали емисијата на штетните честички.

Продолжуваат и редовните контроли  за да се спречи користењето штетни горива во грејната сезона. На терен се и комуналните редари кои се справуваат со нелегалните продавачи на јавните површини, а надзори спроведува и градежната инспекција. 

Во изминативе 12 месеци Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар покажа рекордни резултати. Според изготвениот извештај на службите, во 2023 година изречени се 193 казни за нарушување на комуналниот ред. Донесени се 534 записници, што е речиси двојно повеќе од претходната, 2022 година. Исто така од страна на инспекторите поднесени се и 104 барањата за поведување прекршочни постапки.

Градоначалникот на општината Горан Герасимовски најави дека ќе продолжи спроведувањето на зачестените инспекциски контроли со цел почитување на законите и решавање на проблемите на граѓаните.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“