Утрински Весник
Свет

Земјотрес од 4,8 степени го погоди заливот Токио

Download 13.jpg

Земјотрес со јачина од 4,8 степени е регистриран во заливот Токио, соопшти Националната метеоролошка служба. Епицентарот на земјотресот бил во северниот дел на заливот Токио, на длабочина од 80 километри. Не е прогласена опасност од високи бранови на цунами. Силни потреси се почувствувани во сите области на централниот дел на Токио, јави ТАСС. Нема извештаи за жртви или материјална штета.

Можете да прочитате

Парамаунт ја тужи управата на Ворнер Брос за да го блокира спојувањето со Нетфликс

Зеленски бара финализирање на документот за безбедносни гаранции од САД

Во Франција почна регрутацијата за новововедениот воен рок