Утрински Весник
Свет

Стејт департментот ја одобри продажбата на борбени авиони на Грција и Турција

Ф 16 (1)

Американската влада даде зелено светло за продажба на борбени авиони Ф-16 на Турција и Ф-35 на Грција, откако Анкара го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО претходно оваа недела, пренесуваат странските агенции.

Како што налага американскиот закон, Стејт департментот официјално го извести Конгресот дека ги одобрува двата договора.

Законодавниот дом, кој има рок да ги разгледа и доколку се сомнева, да ги блокира, најверојатно ќе ги одобри.

Можете да прочитате

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

ОН: Израел намерно ги напаѓал децата во Појасот Газа

Италија од руските олигарси заплени милијарди евра, јахти и авиони