Утрински Весник
Македонија

Пендаровски по повод 27 јануари, Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот

Пендаровски (2)

По повод 27 јануари, Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот, претседателот Стево Пендаровски ја испрати следната порака:

„Денешниот ден сведочи за едно од најстрашните злосторства во историјата на човештвото и нè потсетува до што сè може да доведе нетрпеливоста и непочитувањето на различностите меѓу луѓето.

Наша должност е да ја сочуваме вистината за Холокаустот, споменот за неправдите и милионите жртви, и да се спротивставиме на секое зло кое потекнува од стереотипите, стравот и меѓусебното неразбирање, бидејќи само така ќе ја задоволиме правдата и ќе имаме мир.

За таа цел, да продолжиме да ги воспитуваме новите генерации во духот на моралните вредности, почитување на различностите и човековите права на секој поединец, и да градиме општества во коишто нема да има простор за дискриминација, ксенофобија, антисемитизам, антициганизам и расизам”.

Можете да прочитате

Затнат одвод во тоалет во студентскиот дом „Стив Наумов“ од фрлени влажни марамчиња, Јаневска повика на совесност и грижа кон јавните добра

Уапсен арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација

Над 4.500 спорни корисници на социјална помош – Пари се исплаќале и за починати и иселени