Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница, на која беше изгласан новиот Закон за употребата на македонскиот јазик, порача дека чувајќи го македонскиот јазик, ја зацврстуваме државноста и темелот на нашиот идентитет.
„Денеска правиме вистински потфат во унапредувањето на јазикот и зацврстување на македонскиот идентитет. Односот спрема јазикотпретставува детектор кој јасно ги покажува нашитенамери и на сите оние што учествуваа во транспарентнатапостапка на неговото изготвување. И на јазикот се кршеа копја и се водеше политикантство, но покажавме дека со јазикот, културата и македонскиот идентитет нема компромиси”, рече министерката за култура.
Костадиновска-Стојчевска објасни дека со изгласувањето на овој закон, добиваме нов и современ закон за македонскиот идентитет и култура, но и закон кој е пример како треба да се изработува еден правен акт кој е од заеднички интерес, а тоа е со широка јавна дискусија и соработка на сите засегнати страни. Таа упати благодарност до сите членови на Советот за македонски јазик, до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, до реномираните лингвисти, македонисти, професори кои своето искуство, како што нагласи, својот интелектуален и стручен капацитет, го вложија во изработката на овој закон. Министерката закултура се заблагодари и на вработените воМинистерството за култура и на пратениците од ситепратенички групи кои со своите забелешки изразијаподготвеност амандмански да учествуваат во неговатафинализација.
Министерката објасни пред пратениците дека стариот Закон, од 1998 година, кој претрпе само некои незначителни измени со текот на годините, ја изврши својата првична функција, но сè повеќе се забележуваше непочитување на законските мерки и негрижа за македонскиот јазик. Затоа, додаде таа, во државата постои сериозно јадро на институции и професионалци кои многу грижливо и систематично го штитат и го унапредуваат македонскиот јазик.
„Постојат интелектуалци кои со својата работа потврдуваат дека македонскиот јазик не е загрозена категорија, тој е жив и почитуван. Наша е обврската, како политичари, како пратеници, да го поддржиме, да го унапредуваме, да го промовираме и да го афирмираме”, додаде министерката за култура.
Новиот Закон содржи многубројни решенија и механизими за градење соодветна јазична политика, дополнителни механизми што се во функција назајакнување на почитувањето на македонскиот стандарденјазик и неговата правилна употреба.
Со овој закон, меѓу другото, пропишано е задолжително лекторирање на сите материјали со објавување на лекторот и задолжително вработување лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на власта. Со доследната примена на овој закон, ќесе пристапи кон вработување лектори по македонски јазик во сите државни институции и агенции, во училиштата, во издавачките куќи, во медиумите и секако дека со тоа ќе се зголеми интересот за студирање македонски јазик.
За вршење инспекциски надзор над примената на Законот ќе се основа Инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик, а Законот дава правна основа за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик. Од овој закон поизлегуваат многуважни иницијативи, меѓу кои и стипендирање ученици вочетврта година од средното образование и надодипломски, магистерски и докторски студии, со што сеправи голем исчекор кон мотивирање на младите запроучување на македонскиот јазик.