Утрински Весник
Македонија

МВР почна со достава на готови лични карти и дозволи на домашна адреса во Скопје

Img 8345

Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна со имплементација на пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици.

,,Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје.

Исто така, ги известуваме граѓаните дека во сабота (27.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ (од 08 до 16 часот)” велат од МВР.

Можете да прочитате

Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ

10годишно девојче повредено од заталкан куршум во општина Сарај

Бујар Османи во работна посета на Вашингтон