Утрински Весник
Свет

Сијарто: Унгарија ја поддржува интеграцијата на БиХ во ЕУ

571612 0.BAsic Diadhadagag

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изјави дека Будимпешта ја поддржува интеграцијата на Босна и Херцеговина во Европска Унија.

– Правиме се за да го забрзаме (процесот), напиша Сијарто на Инстаграм и додаде дека ова прашање е во центарот на денешните разговори за време на неговата посета на БиХ.

Предвидено беше Сијарто прво да го посети Сараево, но поради временските услови, тој пристигна во Бања Лука, каде што се сретна со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

На средбата присуствуваат и српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и министерот за наука и технолошки развој и високо образование на РС, Жељко Будимир.

Сијарто попладне во Сараево ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ.

Можете да прочитате

Литванија сака да ја укине забраната за нуклеарно оружје, Kремљ предупредува на ескалација

Насилни протести во Барселона поради станбената криза

Насилни протести во Барселона поради станбената криза