Утрински Весник
Македонија

Констатирани оставките на Ковачевски и Џафери во Собранието

IMG

Пратениците во Собранието ги констатираа оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Ковачевски и Џафери, како што беше истакнато од собранискиот потпретседател Горан Мисовски, изјавиле дека нема да ги образложуваат оставките. Најавата за поднесените оставки на Ковачевски и Џафери беше поздравена со аплауз од оголемиот број пратеници. Инаку, и двајцата оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари. На седницата, која е во тек, пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски, го образложи и предлогот Јован Митрески, досегашниот координатор на пратеничката група на СДСМ, да биде избран за нов претседател на законодавниот дом. Се очекува Митрески да биде избран за претседател на Собранието. Врз основа на Деловникот, за претседател на Собранието е избран кандидатот што добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. По изборот и свечената заклетва, се очекува Џафери да му ја предаде функцијата на Митрески.

 

Можете да прочитате

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица 

ВЛЕН: Ставот на ДУИ е чиста хипокризија и обид за извртување на политичката реалност

Нова можност за младите: Пивара Скопје ја лансира „Youth Empowered“ Академијата за млади