Утрински Весник
Македонија

Трајанов: Техничката влада да биде одраз на составот во Собранието

Pavletrajanov2023 Scaled

На новиот мандатар му предлагаме при составот на техничката влада да води сметка за бројот на пратениците и партиите кои се дел од Владата, како и за соодветната и правична застапеност на сите етнички заедници. Досега ДУИ и Алијансата на Албанците со 20 пратеници раководеа со 8 министерства, додека СДСМ со 41 пратеник имаше премиер и 8 министерства. Со номинацијата на Талат Џафери за премиер, како и вкупниот број пратеници од СДСМ и опозицијата (најмалку 86), неопходно е целосно рекомпонирање на составот на Владата, која најмалку четири месеци ќе владее со државата. Ковачевски си оди, но зад него остава Влада која во голема мера ќе ги загрози стратешките, државните и националните интереси на Македонија, стабилноста и меѓуетничката кохезија.

 

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер