Утрински Весник
Свет

Речиси 30 степени во Шпанија, земјата погодена од топлотен бран среде зима

Img 8324

Температура од околу 30 степени Целзиусови е забележана денеска во Шпанија која е погодена од топлотен бран кон средината на јануари, соопшти тамошната метеоролошка служба.

Во Валенсија денеска беше 29,5 степени, а во Малага 27,8 степени, соопшти службата, додавајќи дека во околу 400 метеоролошки станици се забележани температури над 20 степени.

Ваквата температура е специфична за средината или крајот на јуни, односно во текот на летото, изјави портпаролот на метеоролошката служба.

Според Дејвид Корел, истражувач од Универзитетот во Валенсија, топлината во средината на зимата, која го зафаќа југоисточниот дел на Франција, е предизвикана од присуството на силен антициклон над Средоземното Море.

Шпанија се соочува со се почести топлотни бранови, понекогаш и надвор од летните месеци, што ги загрижува научниците.

Земјата веќе забележа невообичаено висока температура во декември, со максимални 29,9 степени во Малага, што е национален рекорд за месец декември.

Топлотните бранови се случуваат во контекст на силна суша, особено во Андалузија и Каталонија на исток, каде властите воведоа рестриктивни мерки за потрошувачката на вода, по три години со слаб дожд.

Во Каталонија, во средината на јануари, нивото на акумулации во кои се складира дождовницата за употреба во сушните месеци падна на 17 отсто од капацитетот. Доколку падне под 16 отсто, што изгледа неизбежно, властите нема да имаат друг избор освен да прогласат вонредна состојба, со дополнителни ограничувања.

Можете да прочитате

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет