Возачот на Ферари, Шарл Леклер ќе вози за тој италијански тим и по завршувањето на претстојната сезона во Формула 1, бидејќи денеска го продолжи договорот.
-Ферари со задоволство го објави продолжувањето на договорот со Шарл Леклер, кој ќе продолжи да вози за италијанскиот тим во Светскиот шампионат во Формула 1 по сезоната 2024 година – се вели во соопштението на тимот од градот Маранело.
Неговиот претходен договор беше до крајот на сезоната 2024 година.
Леклерк ја заврши претходната сезона во Формула 1 вкупно петти, имаше пет пласмани на подиумот, но остана без ниту една победа.
Од пристигнувањето во Ферари во 2019 година, Леклерк беше на пол-позицијата 23 пати, на подиумот 30 пати и забележа пет победи.
Новата сезона во Формула 1 започнува на 2 март со Големата награда на Бахреин.