Утрински Весник
Свет

Флорида ќе ги забрани социјалните мрежи за помлади од 16 години

Img 8308

На децата и младите во Флорида помлади од 16 години ќе им биде забрането да ги користат социјалните мрежи без оглед на одобрението од родителите, според нацрт-законот усвоен од Претставничкиот дом на Флорида.

Според американските медиуми, нацрт-законот не кажува кои платформи ќе бидат забранети, но ги таргетира сите социјални медиуми кои ја следат активноста на корисниците, им дозволуваат на децата да поставуваат материјали и да комуницираат со други, како и да користат функции за зависност дизајнирани да предизвикаат прекумерна или компулсивна употреба.

Нацрт-законот не се однесува на апликациите што се користат за приватни пораки меѓу поединци.

„Тие ги користат предностите на децата кои растат. Тоа е нивниот бизнис модел. И зошто го прават тоа? За да ги држиме приврзани…со допаминските хитови што платформата им ги дава на нашите деца со секое автоматско играње, со секое лајк, со секое притискање“, рече републиканскиот пратеник Тајлер Сироис, кој стои зад законот.

Законот беше усвоен со 106 гласа „за“ и 13 „против“, а мерката ќе бара социјалните мрежи да ги отстранат сметките на сите помлади од 16 години.

Предлог-законот сѐ уште чека одобрување во Сенатот, кој исто така е под контрола на републиканците, како и во Претставничкиот дом на Флорида.

„Сакаме да ги заштитиме децата, нивното ментално здравје и детството“

Претседателот на Претставничкиот дом Пол Ренер рече дека забраната е еден од неговите приоритети на агендата за заштита на децата на државата, заедно со нацрт-законот за ограничување на пристапот до веб-страниците за возрасни, кој пратениците исто така го усвоија во средата.

„Треба да се справиме со негативните ефекти на социјалните мрежи и да овозможиме добар развој на нашите деца. Флорида има обврска и интерес да ги заштити децата, нивното ментално здравје и нивното детство“, рече Ренер.

Законот, исто така, ќе бара од компаниите трајно да ги бришат личните податоци собрани од прекинатите сметки

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме