Утрински Весник
Македонија

Формиран новиот состав за Советот на ИКТ во правосудството

Img 8306

Во текот на вчерашниот ден  министерот за правда, Кренар Лога донесе одлука за основање на нов Совет за координирање на информатичко- комуникациска технологија во правосудните органи кој ќе има 13 членови. Советот за ИКТ има за цел дефинирање и имплементирање на политиките за информатичко-комунициска технологија во правосудство, како и следење, спроведување и ревизија на Стратегијата за ИКТ во правосудство.

За членови на Советот се именувани: Влатко Милошевски – Јавно обвинителство-Скопје, Даут Рустеми-Апелационен суд Гостивар, за прв пат во советот има претставник од БЛУПРИНТ  групата за реформи во правосудството , Александра Цветаноска од Здружение на млади правници, Иван Џолев-Основен Кривичен суд Скопје , Ислам Абази -ОЈОГОК, Сања Пандилов -Академија за судии и јавни обвинители, Сања Димовска-Министерство за правда, Анита Андоноска-Судски совет, Јелена Колева Догазанска-Совет на јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоска- Вишо Јавно обвинителство Битола, Шпенд Деваја- Врховен судија и член на Здружение на судии, Ѓорѓи Андонов-судија во Основен суд Штип, Наим Ферати-МИОА.

Составот на Советот  е избран по претходни консултации со сите релевантни фактори и стручната јавност. Тој ја следи имплементацијата на Стратегијата за ИКТ во правосудството и Акцискиот план, ги дефинира и имплементира мерките и активностите за дигиталзиација на правосудството, учествува во подготовка на закони, други правни акти и презема мерки од областа на примената на ИКТ во правосудните органи.Мандатот на членовите е 2 години.

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути