Утрински Весник
Свет

Унгарија смета дека гласањето за прием на Шведска во НАТО не е итно

The Hungarian Parliament On The Danube River At Sunset In Budapest Hungary 945207010 23afbc9012d54bc4bb7c8a1f8c90075b

Претседателот на унгарскиот Парламент денеска изјави дека нема итност за одобрување на членството на Шведска во НАТО, откако по ратификацијата во Турција, Будимпешта останува единствената која го кочи пристапниот процес. За приклучувањето на Шведска потребно е официјално одобрение од сите 31 земја-членка, вклучително и Унгарија, но одобрението на Турција генерално се сметаше за најголемата преостаната пречка што треба да се надмине. Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека ќе ги повика пратениците да го одобрат приемот на Шведска при првата можност. Парламентот во моментов не заседава. Опозициската Социјалистичка партија соопшти дека ќе свика итна седница за одобрување на кандидатурата на Шведска за пристапување во НАТО, која е во застој во законодавниот дом на Унгарија од средината на 2022 година и покрај постојаните ветувања на Орбан дека ќе ја поддржи. Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром денеска рече дека Унгарија веројатно е свесна дека претходно сооопшти дека нема да биде последната членка на НАТО што ќе го ратификува барањето на Шведска за приклучување кон одбранбената алијанса.

 

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме