Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Вкупно 39 години затвор пресудени за одговорните за случајот „Ласкарци“

20240125131109 big 730x400 44
Img 7972

Вкупно 39 години затвор досуди Кривичниот суд за инволвираните во тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци, што се случи во 2019 година. Сопственикот на фирмата „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули е осуден на казна затвор од 4 години. Одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари се осудува на казна затвор од 6 години. Возачот на автобусот на „Дурмо турс“, Маноил Трифуновски е осуден на казна затвор од 14 години.

Вработените во техничкиот центар на истоимената фирма, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски се осудуваат на казна затвор од по 5 години.

На сите осудени им се засметува и времето поминато во притвор.

Според обвинението, осомничените знаеле дека автобусот има неисправни сопирачки, но сепак, го пуштиле да го помине техничкиот преглед. Првите тројца се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека останатите за соучество во истото дело.

Во несреќата кај Ласкарци, што се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари 2019 година, загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени.

 

Можете да прочитате

Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ќе дува силен северен ветер (над 65 км/час)

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници