Премиерот Димитар Ковачевски денеска до Собранието ја достави својата оставка до Собранието на Република Македонија.
Неговата оставка значи оставка на целата Влада, а новиот состав на Владата од технички карактер предводена од премиер Талат Џафери која ќе биде задолжена за органзиирање на фер и демократски избори треба да заврши во недела најдоцна на полноќ.
При доставувањето на оставката премиерот Ковачевски потсети на реализираните мерки за време на неговиот мандат и најави дека по изборите на 8 мај, тој повторно ќе ја предводи Владата во нив мандат.
„Ова е нешто што е предвидено со Закон, а на 9 мај новата влада ќе ја водам јас и коалицијата која ќе ја однесе Македонија во ЕУ до 2030 година“ порача Ковачевски.