Утрински Весник
Македонија

Отворање Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија

20240124172705 big 730x400

На Универзитетската клиника за хематологија, на целосно нов кат на површина од 800 метри квадратни, денеска во 11 часот ќе биде отворен Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки.

Центарот, како што соопштија од Министерството за здравство, е донација на Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на американската армија финансиски ја поддржаа изградбата со милион евра. Останатите средства се обезбедени од Фондот за здравствено осигурување со поддршка од Министерството за здравство и Владата.

По тој повод, обраќања ќе имаат министерот за здравство Фатмир Меџити, Ерик Мејер, заменик шеф на мисијата на САД во државава, првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис.

Можете да прочитате

OSAC 2026: Македонија и Албанија – различни безбедносни ризици, исти структурни предизвици

Лекот „Фостер“ повторно ќе се зема по стара цена

Скопјанец возел „мртов пијан“ сред бел ден и направил сообраќајка