Утрински Весник
Свет

МСП в петок одлучува за привремена мерка против Израел по тужбата на Јужна Африка за геноцид во Газа

IMG

Меѓународниот суд на правдата (МСП) денеска соопшти дека в петок ќе донесе одлука за привремената мерка што ја побара Јужна Африка во спорот со Израел во врска со неговата воена акција во Појасот Газа, вклучително и барањето еврејската држава да ја запре офанзивата на таа палестинска територија.

Одлуката на МСП е прелиминарна фаза на постапката иницирана по тужбата на Јужна Африка која смета дека акцијата на Израел против милитантното палестинско движење Хамас има карактеристики на геноцид врз Палестинците.
Израел, кој како и Јужна Африка е потписник на меѓународната конвенција за геноцид, одлучно ги отфрла овие тврдења и бара од највисокиот суд на Обединетите нации да ја отфрли тужбата.

Можете да прочитате

Трамп се заканува дека САД нема да се грижат за безбедноста на Ормускиот теснец

Експлозии во Тел Авив по предупредувањето за ирански ракетен напад врз централен Израел

Итно предупредување од ИРГЦ: Држете се подалеку од нафтените објекти во Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар