Утрински Весник
Македонија

Адвокатот Панче Тошковски ќе биде нов технички министер за внатрешни работи, изјави Мицкоски

IMG

Министер за внатрешни работи во техничката влада, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде Панче Тошковски, соопшти Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во Топ Тема на ТВ Телма.

Вториот министер по предлог на опозицијата во техничката влада ќе биде Ѓоко Велковски во ресорот труд и социјална политика.

Стефан Андоновски ќе биде предлог на опозициската партија за министерството за информатичко општество и администрација, а Цветан Трипуновски во министерството за земјоделство.

Тошковски е адвокат по професија, доаѓа од Велес и во минатото го има застапувано и ЕСМ (Електрани) во период кога со компанијата директоруваше Мицкоски. Велковски, пак, краток период мина на функцијата Генерален секретар во Град Скопје, пред да биде разрешен од градоначалничката Данела Арсовска.

Можете да прочитате

Сончево со мала облачност, попладне локален пороен дожд

ВЕЧЕРВА ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Голема меѓународна акција против организиран криминал

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид