Утрински Весник
Спорт

Јастремскаја стана петтата квалификантка која стигнала до полуфинале на Грен слем

20240124082837 big 730x400 44

Украинката Дајана Јастремскаја од квалификациите стигнаа до полуфиналето на Австралија опен. Таа стана петтата квалификантка во опен ерата што успеала да избори место помеѓу четирите најдобри на еден Грен слем турнир.

Претходно тоа им успеа на: Ема Радукану – УС Опен 2021 година; Надја Подорошка – Ролан Гарос 2020 година; Александра Стивенсон – Вимблдон 1999 година; Кристин Матисон – Австралија опен-1978 година.

Од сите нив само Радукану на крајот го освои турнирот. Останатите загубија во полуфиналето.

Јастремскаја во полуфиналето на Грен слемот во Мелбун ќе се соочи со победничката од мечот Ана Калинскаја – Чинвен Женг.

Можете да прочитате

Спортот станува клучен дел од новата стратегија за дијаспората 2026–2030

Жељко Обрадовиќ си заминува од клупата на Партизан

Олимпискиот оган од античка Олимпија тргна кон Милано и Кортина за ЗОИ