Утрински Весник
Македонија

Дали ВМРО-ДПМНЕ ги разбра пораките од О’Брајан – Иванка Василевска бара народот да бил трпелив, ќе кажеле што им е планот после изборите

DSC 6110 1536x1121

ВМРО-ДПМНЕ се уште не знае што ќе преземе и како ќе се постави по укажувањата на помошник државниот секретар на САД Џемјс О’Брајан дека тие се меѓу кочничарите на европската иднина.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и членка на Централниот комитет на партијата Иванка Василевска, во интервју за Слободен печат на прашањето што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди пред граѓаните, не даде конкратен одговор туку побара граѓаните да бидат трпеливи.

„Би препорачала да бидете уште малку трпеливи, да почекате да излеземе со изборната програма, да почекате да ја формираме идната влада и уште во првите 100 дена да покажеме кои ќе бидат патоказите“ рече Василевска.

Таа исто така додаде дека ВМРО-ДПМНЕ очекува од нашите стратешки партнери да го променат наративот и односот кон кон нашата држава, без да потенцира на каква промена се мисли.

Можете да прочитате

МВР со нови информации: Пронајденото тело во Зрновци во фаза на распаѓање

СДСМ: Платформа на ВМРО за уривање на СДСМ и дефокус

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање