Најпродаван автомобил во Европа во 2023 година беше моделот Y на Тесла, според прелиминарните податоци од експертите за истражување на пазарот во Датафорс објавени денес.
Овој автомобил со електричен погон, произведен во Америка, беше продаден минатата година во 254.822 примероци, според бројките кои вклучуваат 97 отсто од продажбата во Европската унија, земјите од ЕФТА и Велика Битанија, објави Automotive News.
Model Y постигна мала предност во однос на најблискиот конкурент Дачија Сандеро, кој продаде 235.893 примероци. Трет е Фолксваген Ти Рок со 206.438 примероци, а четврти е Рено Клио со 202.942, кој заедно со Модел Y направи најголем скок во продажбата во однос на минатата година.
Според порталот, една од главните причини за ваквиот исход е тоа што Тесла воведе значително намалување на цената на почетокот на годината, кое сепак надминува 40 илјади евра. Компанијата, исто така, имаше корист од стимулации за купување компаниски возила во Германија, каде што Модел Y стана најпродаваниот електричен автомобил со приближно 45.800 регистрации.
Модел Y е исто така првиот електричен автомобил, кој го зазеде првото место во продажба во Европа и беше петти најпродаван автомобил во Америка минатата година со приближно 403.897 примероци испорачани на клиентите. Инаку, за Тесла Модел Model Y во Германија потребно е да се издвојат најмалку 42.900 евра, додека варијантите со подолг опсег и подобри перформанси се продаваат за 49.900 евра.