Високиот суд на Шпанија нареди 17-годишен ученик, осомничен за врски со Исламската држава и планирање напад врз неговото средно училиште, да биде задржан во младински центар најмалку шест месеци. Ученикот, сириски државјанин, беше уапсен во понеделникот во јужниот град Монтељано во близина на Севиља и обвинет за припадност на терористичка организација и поседување експлозив.
Судијата задолжен за судот за малолетници, рече дека „овие злосторства од огромна тежина“ налагаат притвор. Постојат „тврди докази“ дека осомничениот набавил разни супстанци што се користат за домашно изработени експлозивни направи, како и прирачници за нивно производство, рече судијата, додавајќи дека осомничениот се заложил за лојалност на Исламската држава на социјалните мрежи.
Судијата истакна дека младиот човек е „многу радикализиран, опседнат со воени работи, носи камуфлажна облека и е многу хомофобичен и антисемитист“. Додека тој веќе бил под полициски надзор во неделата, откако отишол на расчистено подрачје каде се слушале детонации, сугерирајќи дека тестирал експлозив.
Според шпанската државна новинска агенција ЕФЕ, неколку родители решиле да не ги испраќаат своите деца на училиште во понеделникот по инцидентот. Осомничениот преку платформата Воцап им испратил порака на некои свои пријатели во која рекол дека „утре е голем ден“.
Осомничениот живеел две години со својата мајка и 10-годишната сестра во Монтелано, град со 7.000 жители. Сите тројца имаат статус на бегалци, според зборовите на градоначалникот Монтелиано.