Утрински Весник
Македонија

Спасовски и Агелер ја потврдија успешната соработка на МВР и Владата на САД

Img 8194

Денеска, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи  оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела  Агелер, придружувана од економскиот советник, Рајан Милер.

Спасовски и во оваа прилика изрази благодарност кон амбасадорката на САД, Агелер за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави години наназад и ја дава на Република Северна Македонија, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата.

Како стратешки цели на кои Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија беше целосно фокусирано изминатиов период , министерот Спасовски ги посочи : борбата против организираниот криминал и корупцијата, компјутерскиот криминали, миграцијата и борба против тероризмот.

Најголем дел од поставените цели на ниво на МВР успешно и на високо професионално ниво беа реализирани со постигнати одлични резултати, за што  добивме признание и честитки и од високите претставници на администрацијата во САД со кои неодамна министерот Спасовски оствари работни  средби во Вашингтон.

Амбасадорката на САД, Агелер  му се заблагодари на министерот Спасовски за денешнава средба како и за континуираната одлична соработка на Република Северна Македонија со Соединетите Американски Држави во повеќе сфери од општествениот живот, пренесувајќи ја заложбата на американската амбасада и Владата на САД  за поддршка и интензивна соработка и во наредниот период.

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!