Утрински Весник
Македонија

Спречен обид за шверц на женски чанти, куфери и ранци на ГП Меџитлија

2

Спречен обид за криумчарење на 45 женски чанти, 4 куфери и 1 ранец по извршена контрола од страна на царински службеници на граничниот премин Меџитлија.

Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во багажниот простор  пронајдени се непријавени 45 женски чанти, 4 куфери и 1 ранец.

Непријавените производи се привремено задржани, а против лицето е поведена соодветна прекршочна постапка.

Можете да прочитате

Момче од Седларево почина по добиени повреди при сеча на дрва во дебарско село

Условна казна за екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ