Утрински Весник
Свет

Колумбиската морнарица пресретнала подморница со 800 килограми кокаин

IMG

Колумбиската морнарица пресретнала подморница со речиси 800 килограми кокаин. Подморницата долга 15 метри, позната како „нарко-подморница“, е првата откриена оваа година и пресретната е во територијалните води на Колумбија.

Морнарицата ја проценува вредноста на заплената на околу 27 милиони долари, додавајќи дека се верува дека подморницата била насочена кон Америка или Европа. Уапсени се три лица кои биле во подморницата. Морнарицата додаде дека го пресретнала бродот што транзитирал низ Пацификот во неделата.
Пронајдени се пакувања со кокаин хидрохлорид, со печат на скорпија или со име „Вини“ или „Карнал“. Дрогата и шверцерите биле префрлени во Буенавентура, пристанишен град во Колумбија.

Можете да прочитате

Ниту американска ниту иранска делегација не отпатува на разговори во Исламабад

Ако Израел не се повлече од јужен Либан ќе се соочи со отпор

Иран сè уште не донел одлука за испраќање делегација во Исламабад