Утрински Весник
Свет

Ирански војник уби пет други војници

Iran

Ирански војник уби пет други војници, јави ДПА, повикувајќи се на државните медиуми. Инцидентот се случил вчера во југоисточната провинција Керман.

Војникот влегол во воена медицинска установа и застрелал пет војници. Убиецот потоа бил уапсен. Засега не се разјаснети неговите мотиви.

Ваквите инциденти во Иран се исклучително ретки, забележува ДПА. Речиси 100 луѓе загинаа во двоен самоубиствен бомбашки напад во провинцијата Керман претходно оваа година.

Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката група Исламска држава. Неодамна напади беа извршени и во соседната провинција Систан и Балучистан.

Овие напади предизвикаа дебати во Иран за безбедносната ситуација, јави ДПА.

 

Можете да прочитате

Иран запленил два контејнерски брода кои се обидувале да излезат од Персискиот Залив преку Ормуската Теснина

Тексас дозволи истакнување на Десетте Божји заповеди во училниците и покрај силните критики

ЕУ го започнува процесот на проширување по 12 години: Црна Гора направи голем чекор кон членството