Некогаш популарната поп-пејачка и секс симбол од 1980-тите Саманта Фокс поминала ноќ во затвор по „пијано дивеење“ во авион на „Бритиш ервејс“ кој одел од Лондон за Минхен. Педесет и седумгодишната Фокс се качила во авионот каде што наводно се скарала со патник.
Извори изјавиле за „Сан“ дека Фокс принудила авионот да сврти на пистата и да се откаже полетувањето во Лондон. Полицијата потврди дека жена на околу 50 години била уапсена под сомнение дека била пијана во авионот, по што била пуштена со кауција.
Според извори кои биле присутни на настанот, авионот бил подготвен за полетување од Лондон, но летот бил откажан поради инцидентот предизвикан од Саманта Фокс. Патниците морале да излезат од авионот и добиле сместување во еден од лондонските хотели. Следниот ден го продолжиле патувањето.
Фокс кажа дека ѝ е „многу жал за какво било нарушување на редот“ и дека ќе ѝ помогне на полицијата во истрагата.