Утрински Весник
Македонија

Скопје останува без јавен превоз – Советот на Град Скопје не ги усвои субвенциите за ЈСП

јсп (2)

На вонредната седница на Советот на Град Скопје денеска не беше обезбедено потребното мнозинство за исплата на субвенциите за Јавното сообраќајно претпријатие.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за предлогот на ЈСП да му се доделат 11 милиони евра субвенции од кои зависеше исплатата на платата за вработените во ЈСП.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ таквата одлука ја темелеа на фактот дека не може постојано Градот да дава субвенции за ЈСП.

На тоа се спротивстави градоначалничката Данела Арсовска обвинувајќи ги дека намерно создаваат кризи.

„Сè што кажавте денес сè излажавте, вие грам грижа немате за вработените кои смрзнуваат надвор. Намерно креирате криза за после, демек, ја решавате. За точкава не зборувате затоа што нема што да кажете и само лажете. Кога бевте опозиција гласавте за субвенции, сега не гласате. Мицко одма да си даде оставка оти цело време лаже“, кажа Арсовска.

Со ваквата одлука Скопје останува без јавен шревоз, возачите на ЈСП нема да возат се додека не им се исплати платата а на протестот се приклучија и приватните превозници бидејќи и тие немаат добиено пари од ноември.

Можете да прочитате

Синот на Субрата Рој уште е на избирачкиот список

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Тошковски во посета на СВР Охрид и ОВР Струга: Забележителни резултати во справување со насилниот криминал и подобрување на сообраќајната безбедност, активно работиме и на „One Stop” системот со Албанија