Утрински Весник
Македонија

Вината за хаосот во ЈСП и јавниот превоз е кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, тврди СДСМ

Јанчева
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од изјава за медиуми на Љубица Јанчева, координаторка на советничка група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје:

Почитувани,

Граѓаните кои во огромен број го користат јавниот превоз, денеска повторно мака мачат да стигнат на работа, на училиште, на факултет, на пазар…

ДПМНЕ е виновникот за хаосот што се случува во ЈСП и во јавниот превоз.

Локалната власт на ДПМНЕ во Град Скопје за две години буквално го уништи јавниот градски превоз.

Членовите на Управниот одбор на ЈСП се од ДПМНЕ, додека нивното претпријатие се дави во долгови, не може да подели плата, не може да функционира не преземаат ништо.

Советниците од ДПМНЕ го имаат мнозинство во Советот.

Да не го кочеа проектот за БРТ, немаше денес граѓаните на Скопје да се соочуваат со проблеми како да стигнат на работа, како учениците на почетокот на второто полугодие да стасаат на настава.

Наместо да имаат модерен превоз со БРТ, проект поддржан од ЕБОР, за кој има обезбедено средства од 70 милиони евра, скопјани страдаат од неспособноста и инаетот на ДПМНЕ.

Скопјани знаат дека советниците од ДПМНЕ се противea и на одлуките за субвенционирање на ЈСП и намерно, заради лични хирови на Мицкоски дополнително го заглавија претпријатието.

Хаосот што се случува во ЈСП и во Скопје е пример за тоа што се случува кога ДПМНЕ ќе добие власт.

Советничката група на СДСМ иако е опозиција ќе го поддржи барањето за доделување субвенции на ЈСП, да може вработените да добијат плати и автобусите да продолжат да сообраќаат.

ДПМНЕ треба да преземе одговорност, своите политички и лични хирови да не ги префрла врз скопјани.

Сеопфатно решение за јавниот превоз во Скопје има, тоа е БТР и што поскоро овој проект треба да се релизира.

Можете да прочитате

Трамп ги менува луѓето во амбасадите и Македонија меѓу 29 земји

Зарина Првасевда со „Кадифено“ ја поврза традицијата со современиот музички израз

Нула жртви за 17 години: Како Црвениот крст ги спасува бездомниците во најстудените ноќи во Скопје